Вашингтон: НАТО ќе ја брани Македонија од руските закани

Коментирајќи ги руските осуди и закани по откажувањето на посетата на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров на Белград, портпаролот на Стејт Департментот, Нед Прајс, рече дека Бугарија, Црна Гора и Северна Македонија „како суверени држави донеле суверени одлуки за нивниот воздушен простор, што ја одразува решеноста на Европа да ја повика Русија одговорна за неоправданата инвазија на Украина, која е без причина“.

На прашањето како САД и НАТО ќе ги заштитат трите земји кои го затворија воздушниот простор од руските закани, Прајс одговорил:

„Сите три земји се членки на НАТО, а посветеноста на членот 5 во однос на сите три е обврзувачка. Вчера ја одбележавме петтата годишнина од членството на Црна Гора во НАТО, а втората годишнина од членството на Северна Македонија во март“, изјавил Прајс.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.