Варошани не го дочекаа владиниот авион да ги спacи од гpaдот, стpaшно невpeме и штети? (Фото/Видео)

Невpeме проследено со засилен ветер и врнежи од дожд и град предмалку го погоди Прилеп

За разлика од пред една недела овојпат невремето траеше пократко и не предизвика поголеми поплави низ градот, но по се изгледа има нови штети врз земјоделските култури.

Иако попладнево постојано се слушаше авиончето на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, кое служи за засејување на облаците со сребрен јодид и заштита од град, сепак, земјоделците кои имаат свои посеви во областа Заград кај населбата Варош во Прилеп, јавуваат дека градот ја погодил нивната тутунарска мака.

Засега нема точни информации за тоа колкави штети се предизвикани, но според видеата кои се споделуваат на социјалните мрежи, врнежи од град имаше.

Ова е втор пат во две недели Прилеп да го погоди вакво невреме проследено со врнежи од град. Минатата недела настрадаа тутунарите во Канатларци и Крушевско.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.