Фудбалерот на Лестер, Џејми Варди е програсен за најдобар играч на сезоната во Премиер лигата според изборот на новинарите.
Ова признание тој го освои со 36 отсто од гласовите, пред соиграчот Ријад Махрез и Н’голоа Канте. Во конкуренцијата се најдоа уште четворица фудбалери на „Лисиците“, Дени Симпсон, Вес Морган, Дени Дринквотер, Каспер Шмајхел.
Варди е првиот играч на Лестер кој ја освојува оваа награда доделувана од 1948 година.
-Голема чест е да се добие ваква престижна награда и моето име да се најде покрај некои неверојатни играчи. Им благодарам на сите кои гласаа за мне. Им благодарам и на моите соиграчи кои се причина за она што го постигнав. Ова е неверојатна сезона за сите нас во Лестер, се базиравме на тимска работа, а не на поединци. Им се заблагодарувам на менаџерот и на стручниот штаб, како и на навивачите за поддршката. Целосно се фокусирани што подобро да ја завршиме сезоната која никогаш нема да ја заборавиме, истакна Варди.
Претходно неговиот соиграч Ријах Махрез е прогласен за најдобар од страна на играчите од англискиот шампионат.