Ракометарите на РК Прилеп го претрпеа и седмиот пораз во Супер лигата, откако попладнево загубија од фенерџијата на табелата, екипата на Вардар Неготино.
Ако во пресрет на натпреварот сите ракометни вљубеници во Прилеп очекуваа лесен триумф, а во тоа веруваа и самите ракометари, екипата на Боби Мојсов повторно разочара.
Крајниот резултат на семафорот беше 32:28 (18:12 на полувремето), резултат кој најблаго речено е срамен, особено за екипа која во пресрет на стартот на првенството ветуваше дека ќе се бори за плеј-оф разигрувањето.
За една недела Прилеп гостува во Скопје, кај другиот Вардар, а пред плеј-аут разигрувањето ќе игра уште со Мулти Есенс на домашен терен и кај Голден Арт.