Вардар го вpaти Ceдлоски за тpeнep, Koмити го дочекaa на “вoeна нога” – Ceдлocки не смее и нема да биде тpeнep на ФК Вардap

По разделбата со Срѓан Захариевски, фудбалскиот клуб Вардар веднаш го назначи новиот предводник на првиот тим.

Се работи за добро познато име во вардаровото семејство, Гоце Седлоски кој вторпат во кариерата ќе го води Вардар, а претходно беше и спортски директор. 50-годишникот ќе биде четвртиот нов тренер на вардарци во новата сезона, па останува да се види како ќе се снајде.

Но, од навивачката група “Комити” веста за назначувањето на Седлоски за тренер ја пречекаа на нож.

-Гоце Седловски не смее и нема да биде тренер на ФК Вардар!

Човечкиот отпад кој уживаше во друштвото на убијците на нашиот брат Саздо, кој со огромно задоволство се радуваше на поразите на ФК Вардар и кој беше избркан од клубот во 2017 година поради сомнително работење, по кое е општо познат во јавноста, не заслужува да седне на црвено-црната клупа!

Во сабота или седни на клупата на Слога Југомагнат, онаму каде што природно припаѓаш или воопшто не доаѓај. Вардар и Градскиот стадион во Скопје, за тебе веќе не постојат. Никогаш нема да ти биде простено!

Воедно ги повикуваме сите навивачи на клубот, сите оние кои беа во неделата во Битола, на баражите во Струмица и Кавадарци, но и на скалите пред стадионот, кога се испаѓаше, кога се боревме сами против сите, дур вакви гниди мирно си уживаа во своите провизиски комбинации и хоштаплерски зделки!

КЛУБ НА НАРОДОТ СИ ВАРДАРЕ!
ВО САБОТА – СИТЕ НА СТАДИОН! – напишаа од навивачката група на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.