Македонскиот и европски шампион Вардар одбраната на трофејот во Лигата на шампионите ќе го почне од Група Б следната сезона, онака како што ја заврши претходната сезона, против унгарски Веспрем со кого се соочи во финалето во Келн.
„Црвено-црните“, кои сосема очекувано беа носители пред ждрепката, се најдоа во Групата Б, покрај со Веспрем, и уште со уште еден учесник на годинашниот Ф4 турнир во Келн, полски Кјелце. Во групата се и белоруски Брест Мешков, украински Мотор Запорожје, португалски Порто, француски Монпелје и германски Кил.
Натпреварите од новата сезона во групната фаза од Лигата на шампионите почнуваат во септември.
Во групата А пак за пласман понатаму ќе се борат: ПСЖ, Барселона, Фленсбург, Алборг, Пик Сегед, Загреб, Елверум и Пивоварна Целје.