Ваква чест немал никој во ракометната историја: Французите го крунисаа Лазаров на последниот натпревар во кариерата (Фото)

Кире Лазаров синоќа го одигра последниот натпревар во арената во Нант, а навивачите на овој клуб знаеја на најдобар начин да му се заблагодарат на Македонецот за сето она што тој го направи за тимот, во кој дојде по заминувањето од Барселона и го одведе до две фајналфор завршници во Лигата на Шампионите.

„Кралот Кире“ е прекар што македонскиот бомбардер го доби низ годините на европската ракометна сцена, а Нант го круниса на најдобар можен начин, седнувајќи го на трон, со круна на главата, со семејството веднаш до него.

Нема сомнеж, Лазаров се повлекува не само како најдобар македонски ракометар на сите времиња, туку и еден од најдобрите во Европа што некогаш го играле овој спорт. Во Нант тоа многу добро го знаат, па затоа ја испратија нашата спортска легенда во пензија онака како што доликува на еден великан.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.