Пред неколку месеци, 6-годишната Русинка Анастасија Кнјазева на Инстаграм беше прогласена за најубавото дете на светот.
Нејзините преубави сини очи, долга коса и насмевка како од бајките, го воодушевија светот.
Но, кога Моф Бамујива објави фотографии од 5-годишното девојче по име Џер од Нигерија, според реакциите на јавноста, Анастасија остана без титулата.
Убавината на малата Африканка го воодушеви светот, а нејзината бујна коса е детал кој особено им се допадна на сите.
Крупните очи на малечката Џер изгледаат како фотографиите да се вистински, па имате чувство дека ќе ви проговори.
Џер има и две постари сестри, Јоми (7) и Јобу (10), кои ништо помалку не заостануваат во убавината.