Количината и распределбата на пигментот кој се нарекува меланин ја одредуваат бојата на очите.
Бојата на очите одсекогаш се поврзувала со личноста и основните карактерни особини.
Зелена боја на очите поседуваат помалку од 5% од популацијата, тоа е боја на очи која може да се променува во зависност од расположението, времето и начинот на облекување.
Понекогаш може да биде целосно сина, некогаш сива, а некогаш смарагдно зелена. Луѓето со зелени очи се многу енергични и креативни. Сакаат авантури и го прифаќаат секој предизвик кој ќе се појави пред нив.
Ќе ви се одмаздат доколку ги изневерите или прелажите. Интелигенцијата е нивна силна страна и никогаш нема да дозволат некој или нешто да им се испречи на патот до среќата.
Тие се страствени љубовници и сакаат долги врски. Понекогаш можат да бидат многу љубоморни. Привлечни се и се смета дека имаат најсексипилна боја на очи. Сакаат да ги забавуваат луѓето, а покрај тоа тие се многу доверливи.