20 мај е Денот на пожapникapите во Македонија
Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, на најдобар можен начин им го честиташе денот на припадниците на територијалната противпожарна единица во неговиот градот, обезбедувајќи ново возило.
-Општина Штип обезбеди возило за Територијалната противпожарна единица во износ од 7.100.000 денари, со капацитет од 6.000 литри, а пожарникарите добија висококвалитетна опрема, соодветна за гаснење шумски пожари.
Нека е среќен денот, им посакувам успешна работа и помалку пожари! Денот на пожарникарите го одбележавме на најдобриот можен начин – напиша Јорданов на ФБ.