Панама загуби и во второто коло на Светското првенство во Русија со 6:1 од Англија, но тоа не беше повод за тага, туку напротив нивните многубројни навивачи громогласно прославија.
Токму постигнатиот прв историски гол на нивната репрезентација беше повод за славје, па Панамците прославија на трибините, но и по улиците на Нижни Новогород.
Тие му покажаа на светот колку им значи пласманот на Светското првенство и дека ја бодрат својата репрезентација и во поразите и во победите.