Градбата на мостот во населбата Сточен пазар во Прилеп започна пред година ипол, а според договорот мостот требаше да чини над 500.000 евра.
Во мај месец годинава градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, истакна дека мостот кај Сточен пазар ќе бил најголемиот и најубавиот мост.
Ветувањто беше дека мостот ќе се заврши за 3 месеци, но оттогаш граѓаните од оваа населба стравуваат од поплавувања, а сообраќајот е забранет.
Со секој поголем дожд се прави голем водостој на градската река, а потоа одново се работи градилиштето да се врати во нормала.
Граѓаните од оваа прилепска населба се шегуваат и го споредуваат ова мовче со мостот на Босфор, имајќи ја во предвид неговата астрономска цена.