Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ е познат по своите џентлменски манири, а тоа уште еднаш го покажа во Букурешт на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ.
Имено, во текот на подготовките за групното фотографирање Високата претставничка на ЕУза надворешна политика и безбедност Федерика Могерини го повика Дачиќ да се фотографира со останатите министри што наиде на насмевки кај присутните.
Дачиќ потоа и пријде на Могерини и и ја бакна раката во знак на поздрав, што наиде на помалку љубоморни погледи кај околните министри.
Могерини, пак по овој гест не ја симнуваше насмевката од лицето. Потоа Дачиќ застана зад неа во редот и се фотографираше со останатите министри.
Извор: “Република”