По 16-ти традиционален пат во Прилеп, овој викенд, ќе се одржи меѓународниот карневал „Прочка 2017“. Токму по тој повод општина Прилеп и Советот на општина Прилеп го продолжи и работењето на сите угостителски објекти за два часа за деновите 24, 25 и 26. 02.2017-та година.
Организаторите општина Прилеп, одделението за култура и Здружението на граѓани „Прилепски мечкари“ уште еднаш ве покануваат на незаборавен викенд по повод празникот „Прочка 2017“.