Според старите обичаи за Велики Петок, се станува од кревет пред изгревањето на сонцето. Луѓето на тој ден носеле вода од езерата и со неа се замивале наутро. Се верувало дека со таа вода ќе се истераат сите болести од телото. Исто така, на овој најтежок празник кога Исус бил pacпнат, не се работи физичка работа.
Она на кое треба да се посветат семејствата е припремање за славење на Велигден.
На Велики Петок не се јаде ништо тешко и пржено на масло, се јаде само овошје и зеленчук.