Денеска со почеток од 14 часот во Неготино, фудбалерите на Победа го одиграа вториот контролен натпревар пред почетокот на втората полусезона во Втората лига-Исток, против екипата на Вардар Неготино.
Црвено-белите беа убедливо совладани со 3:0 од третолигашот.
Вардар Неготино поведе со 2:0 на полувремето, со головите на Александар Трајков и Петар Најдов. Во вториот дел неготинци постигнаа уште еден погодок и покажаа дека пролетва сериозно ќе атакуваат на влез во повисок фудбалски ранг.
Од друга страна Победа ќе треба да се избори за останување во Втората лига-Исток.
Во првиот контролен натпревар пред десетина дена Победа го совлада третолигашот Напредок Крушеани со 3-0.
Првобитно закажаниот меч со Тетекс за во петок е откажан, па наредниот трет контролен меч Победа ќе го одигра во недела против Пелистер во Битола.