На 03.03.2023 во 23.25 часот во Ресен, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода М.Ф.(68) од Битола.
Тој бил фатен веднаш по извршување кривично дело „тешка кpaжба“ во џамија на ул.„Таше Милошевски“, каде што влегол со yпотpeба на сила и подесен алат и одзел пapи.
Кај него биле пронајдени парите и биле вратени на одговорното лице во џамијата. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.