Бpука: “Цeнзуpa диpeктно од Градоначалникот и Талески за оваа изјава од ВМРО-ДПМНЕ?”

(Фејсбук статус на Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески)

“ОВА Е МОЈАТА ИЗЈАВА КОЈА ХУНТАТА НА ВЛАСТ ДЕНЕС НЕ ДОЗВОЛИ ДА БИДЕ ОБЈАВЕНА!!!

Илинден е симболот на вековната борба на македонскиот народ за слобода и самостојна македонска држава, Илиден е темелот на македонската државност. Чествувањето на овој ден и поклонот пред најголемите великани на македонскта револуционерна борба е гордост, чест, но и обврска за продолжување на борбата за остварување на нивниот идеал.
За жал, денес на власт е влада на чело со сдсм која секојдневно ги понижува Македонија и македонскиот народ и го изврши најголемото национално предавство.

Ченто кажал: “Не верував дека Македонци ќе ми судат за Македонија”. Ние Македонците не верувавме дека Македонци ќе ја прекрстуваат Македонија. Но, борбата не запира!!! Македонскиот народ е свестен, добро знае кој е и што е и ќе ја казни оваа предвничко-криминална банда на сдсм. Новата влада на ВМРО ДПМНЕ ќе го врати достоинството на македонските граѓани, а Македонија ќе ја постави на вистинскиот колосек на патот на успехот и развојот.

МАКЕДОНЦИ!!!
Честит 2-ри Август, Денот на Републиката! За многу години Илинден! Да ни е вечна Република Македонија!!!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.