Бopoвите шyми околy Прилеп пред целocно yништyвaње? Бopoвиот четник ги cyши дрвјата! Жална слика од Шаторов Камен (Фото галерија)

Над 700 хектари со борова шума кај вештачкото езеро во Прилеп и Селечка планина се нападнати од боров четник.

Овие штетници се закануваат целосно да ја уништат прекрасната борова шума околу Прилеп, а засега никој ништо не презема.

Сторијата во текот на вчерашниот ден први ја објавија од “Канал 5” Телевизија, а денеска отидовме во месноста Шаторов Камен за одблиску да се увериме за состојбата на боровите.

Сликата е жална! Боровите се сушат, а штетниците ги има речиси на сите дрвја.

Постарите во Прилеп паметат дека во минатото се ангажирале работници кои ги отстранувале боровите четници, а се вршело и попрскување со авиони.

Денеска тоа не е случај, па густите борови шуми можат да бидат целосно уништени.

Покрај тоа боровата шума наголемо се уништува и да добивање на борина, која потоа се продава по пазарите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.