Краток пороен дожд беше доволен да го поплави реконструираниот дел од булеварот “Гоце Делчев” во центарот на Прилеп, проект кој чинеше близу 1 милион евра.
Реконструкцијата на овој дел од булеварот, е еден од проектите со кои локалната власт на СДСМ предводена од градоначалникот Илија Јованоски, сега одново ја бара довербата на прилепчани за уште еден мандат.
Истото се случи и пред еден месец, кога исто така краткотраен пороен дожд беше доволен да го блокира центарот на Прилеп.
Ништо подобро денеска не помина ниту улицата “Димо Наредникот”
Како и населбата “Tризла”