Букет од зборови и песни за словенските светила на цветниот плоштад пред храмот “Св. Петка” во Прилеп

Во петок, на 23 мај 2025 година, со почеток во 10:00 часот а по повод чествувањето на празникот на светите браќа Кирил и Методиј – македонски и сесловенски просветители и рамноапостоли, храмот „Св. Петка“ ќе биде домаќин на свечена прослава заедно со учениците и наставниците од ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп.

Настанот ќе се одржи на платото пред храмот „Св. Петка“ и ќе биде збогатен со:
🎶 Хорски и соло изведби на учениците
🎤 Рецитали со духовна и просветителска содржина
🎨 Изложба на ученички творби
✂️ Креативни работилници во духот на празникот

Со овој настан продолжуваме да ја негуваме плодната соработка меѓу храмот и училиштата, покажувајќи дека духовноста, просветата и љубовта кон татковината се темели врз кои се гради иднината на нашите деца.

Ве покануваме сите – родители, наставници, верници и граѓани, да присуствувате и заедно да го прославиме ликот и делото на светите браќа Кирил и Методиј – темелот на словенската писменост и духовност.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.