Брутални навреди кон народот од синот на пратеничката на СДСМ која тврдеше дека покачувањето на акцизата нема да ги погоди сиромашните

Виктор Стојчевки, син на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска на социјалните мрежи излезе со тешки навреди за граѓаните кои синоќа во масовен број излегоа пред Владата во Скопје, на протестот организиран од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пренесува Курир.

-Хибернирани кретени по улиците на Скопје, напиша синот на пратеничката на СДСМ, според кого реките народ кои синоќа излегоа на протестот не се ништо друго, туку „излеана фекална канализација“.

Инаку, ваквите негови навреди доаѓаат само неколку дена откако неговата мајка ја разбрани јавноста со контроверзна изјава дека покачувањето на акцизата на дизелот немало да ги погоди сиромашните граѓани во земјава, бидејќи тие и така немале автомобили.

-Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани бидејќи 60% од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил, изјави Мира Стојчевска.

Дополнително, Мира Стојчевска е една од пратеничките со најголеми исплатени патни трошоци. За само девет месеци, пратеничката добила 11.736 евра за патни трошоци. Токму поради ова, за нејзе е сосема неважно за колку е зголемена акцизата на дизелот, но дали е тоа така и за обичните граѓани?

Извор: kurir




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.