БРУКА: “Шарениот функционер Туфегџиќ, учесник во уништувањето на Македонија, го поддржува и “кукавичкиот” договор со Грција?!”

Пратеничката од редовите на СДСМ, Ивана Туфегџиќ се придружи во групата поддржувачи кон Договорот за промена на државното име кој владата го склучи со Грција.

Туфегџиќ денеска преку изјава за медиумите кажа еден куп работи зошто младите требало да го поддржат Договорот и да гласаат ЗА на престојниот референдум, но заборави дека за младите не исполни ниту едно ветување, иако не така одамна им ветуваше многу.

Туфегџиќ во јавноста стана позната преку студентските протести и студентскиот пленум во 2014 година, како и преку протестите во така наречената “шарена револуција”, каде беше еден од главните предводници.

Во тоа време и за време на кампањата за предвремените парламентарни избори во 2016 година, пратеничката Туфегџиќ зборуваше за илјадници раселени млади, дека истите ќе се вратат и ќе уживаат во придобивките на “новиот живот”, дека за нив ќе цвета општеството и ќе им се даде реална шанса за напредок и вреднување на нивните потенцијали и знаења.

За жал, сведоци сме дека не само што младите не се вратија назад, туку и тие што останаа се “осакатени” и маргинализирани. Трудот, образованието и капацитетите, се ценат само доколку имаат членска книшка на СДСМ, а економската нестабилност и изостанувањето на нови инвестиции и работни места, прават нов одлив и ги полнат авионите до некоја од западноевропските држави.

Се чини дека единствена која виде придобивка од “борбата за младите и новиот живот” е токму само Ивана Туфегџиќ, која во улога на пратеник на младите им возврати со поддршка на контроверзниот Договор за добрососедство со Бугарија, гласаше и за нелегитимниот избор за Претседател на Собранието, а го поддржа и Законот за двојазичност.

Таа денес е сместена во удобната пратеничка фотеља, но не ја интересира дали ќе се расветлат убиствата за Мартин Јанушев и Никола Саздовски….

Како ли сега младите да и веруваат?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.