Брука невидена! За прв пат во НАТО под името “МК SKOPJE MOD” (Фото)

Социјалните мрежи со остри реакции и коментари откако Началникот на генералштабот на Армијата, првпат како полноправен член, учествуваше на 183 редовно заседание на Воениот комитет (ВК) на НАТО, највисокото воено советодавно тело на Алијансата.

Имено, сите останати учесници на заседанието, кое првпат се одржа по пат на телеконференциска врска, беа означени со земјите кои ги претставуваат, додека генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски нашата земја ја претставуваше како “MK SKOPJE MOD”.

Граѓаните реагираат, со прашање до министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која е 30-тата членка на НАТО? Реакции има до министерот за надворешни, Никола Димитров со барање да испрати нота со која ќе го одбрани достоинството, за ова, како што се пишува, непризнавање, непочитување и омаловажување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.