(Фејсбук објава на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе)
“Почитувани сограѓани
Јованка Наунова вработена во МЗШВ Свети Николе,мајка на Валентина Наунова која боледува од ретка болест и мора неколку пати во годината да оди во Русија за да се лекува, и за која хуманите светиниколчани организираа хуманитарни акции за да помогнат, е распоредена во МЗШВ во Велес.
Замислете, мајка која мора да биде околу својата ќерка и која неколку пати барала од надлежното министерство скратено работно време е распоредена да работи во Велес. Иронијата да биде уште поголема е тоа што се работи за возрасна жена која е неполни 2 години пред пензионирање со ќерка околу која треба да биде присутна, мора да патува во Велес до каде и нема организирана автобуска линија.
За ваква ли независна јавна и ефикасна администрација се залага СДСМ?
За ваква ли социјална и правна држава зборуваат господата од СДСМ?
Ова е за срамота и греота.
Засрамете се за овие ваши постапки”.