Министерството за здравство информира дека денес има 53 норегистрирани случаи на кopoнавиpyc во Македонија.
Во изминатите 24 часа потврдени се 53 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 13, Куманово – 9, Прилеп – 9, Тетово – 4, Струга -2, Велес – 12, Битола – 2, Македонски Брод -2.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1170. По завршување на епидемилошките анкети, едно претходно потврдено лице во Битола е со жителство во Демир Хисар, а едно во Скопје е со жителство во Куманово и согласно ова последната дистрибуција по градови е: Скопје – 401; Куманово – 320; Дебар – 51; Штип-32; Прилеп –112; Тетово – 52; Струга – 55; Велес – 55; Битола –17; Охрид –7; Кавадарци – 4; Гостивар –12; Гевгелија – 4; Струмица – 2; Крива Паланка-4; Радовиш – 4; Крушево – 3; Кочани – 26; Пробиштип – 2; Кичево – 2
; Неготино -2; Демир Хисар – 1; Македонски Брод -2.
Во изминатото деноноќие направени се 697 теста. Преку ИЈЗ –493, преку Ветеринарен ф-тет -15 , Авицена –8, Биотек –0 и Филип Втори (Жан Митрев) – 120 и Систина со PCR метода – 61 . Досега во земјата се направени вкупно 11556 тестирања на Ковид -19.
Министерството за здравство информира дека денеска се регистрирани 25 излекувани пациенти, 6 испишани од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кои во општа добра состојба заминуваат дома и 19 кои се се лекуваа во домашни услови.