Британците се шегуваат на “руска сметка”: “Путин испрати генерал кој јаде пет пати на ден и пие литар вотка”

Британските таблоиди пишуваат дека дебел пензиониран руски генерал бил испратен на бојното поле во источна Украина, бидејќи на рускиот претседател Владимир Путин му снемало високи офицери за војната.

Како што пишуваат, за пензионираниот генерал Павел, кој е на 67-годишна возраст и со околу 130 килограми, сега наводно е на чело на руските специјални сили кои дејствуваат во источна Украина, откако поранешниот командант на единицата беше тешко повреден во напад.

Павел наводно е ветеран од озлогласената руска вojна во Авганистан.

„Путин сега копа од дното на бурето. Повеќето од неговите најдобри високи команданти се ybиени или повредени во борбите во Украина, па тој прибегнува кон испраќање офицери од втор ред на фронтот, кои потоа не издржуваат многу долго таму“, изјави висок разузнавачки извор за „Дејли Стар“.

Тој додава дека Путин сега ги повлекува генералите од пензија и дека Павел е еден од нив.

„ Путин е како мафијашки бос на кој никој не треба да одбие да му се покорува. Ако пензиониран генерал добие порака од Путин дека и е потребен на мајка Русија на бојното поле во Украина, тој не може да направи многу“, рече тој.

Павел бил војник повеќе од 40 години и станал командант на руските специјални сили, но тоа било пред 25 години, кога бил помлад и во форма, тврдат Британците. Се верува дека служел во Сирија непосредно пред да се повлече од активна служба пред пет години.

До неодамна живеел во предградијата на Москва, но се претпоставува дека минатиот месец му било наредено да се врати на активна служба. За него велат дека бил толку дебел што морало да му се направи специјална униформа и дека јадел пет оброци на ден и пие барем литар вотка.

Се верува дека Русија има до 10 генерали во војната во Украина и околу 30 високи офицери.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.