Британскиот професор Џејмс Петифер по Балканска историја на својот Твитер профил со пофалби за македонскиот претседател Ѓорге Иванов кој одлучи да не ги потпишува законите што содржат „Северна Македонија“.
„Тој е многу добар човек кој го спроведува принципот дека владеењето на правото е граѓанската брана против прекумерно моќната држава“, напиша на Твитер професорот по балканска историја на колеџот „Сент Крос“ од Оксфорд како коемнтар на написот на „Балкан инсајт“: „Претседателот во заминување Ѓорге Иванов одби да потпише документи кои го вклучуваат новото име на земјата, Северна Македонија – а тоа се заканува дека ќе предизвика институционална нестабилност“.
A very good man carrying out the principle that the rule of law is the citizen's barrier against the overpowerful state https://t.co/E18fCIrwod
— James Pettifer (@JamesPettifer1) March 12, 2019