Во мибилното војување, хеликоптерите се далеку поефикасни против градови кои се под опсада.
Рускиот претседател Владимир Путин го изненади светот со објавата на 15-ти март дека Русија ги повлекува своите сили од Сирија, во очи на договорот за делумно прекинување на огнот, помеѓу владините сили и оние на опозицијата.
“Во наредните неколку дена, светските медиуми беа почестени со снимки како борбените авиони заминуваат од сириската база и се враќаат во Русија, каде е приредена огромна прослава и прием на семејствата”, вели Јustin Bronk, научен соработник на воени науки во институтот Rojal Junajted Servis.
Но тоа беше далеку од вистинско повлекување на Руските сили. Дојде до зголемување на бројот на хеликоптерите Мi-35 Hind, кои се докажаја во борбите, а им се придружија и модерните Mi-28 Havoc и ултрамодерните Ka-52 Aligator, кои се разместени за борба по прв пат.
Преземање на Палмира
Додека во Халеп договорот за примирје се одржува, борбите се преместија на други подрачја.
Неодамнешното преземање на Палмира од рацете на ИСИС е импресивно достигнување на сириската армија и руските воздушни сили и техничка поддршка. Во мобилното војување во околината на Палмира, нисколетечките хеликоптери се далеку поефикасни во градовите под опсада на опозиционите сили.
Од друга страна, руското тепих бомбардирање со ненаведувачки проектили и касетна муниција, што е правено против градовите во рацете на милитантите, а во знак на поддршка на офанзивата на Асад во околината на Алеп и на други места, има помала психолошка и тактичка вредност против движечките сили на ИСИС на отворен простор.
Со тоа има смисла Русија да ги засили своите позиции со хеликоптери, а не со борбени авиони.
Меѓутоа, доаѓа до зголемување на ризикот дека повеќе руски летала би можело да бидат срушени, бидејќи најмодерните нисколетечки хеликоптери се во опасност од многубројните проектили кои се испалуваат од рамено, а кои ги користат разните милитантни групи во Сирија.
Рускиот Mi-28 дели доста особини со американскиот АH-64 Apache хеликоптер кој беше главно оружје во Ирак од страна на западот. Значи голема поддршка за копнената војска на Асад, има можност да остане на позиција далеку повеќе од авионите и може да изведе и повтори повеќе напади со проектили, ракети и топовски оган, oбјаснува целосно британскиот воен експерт.
А.Г.