Не е нешто ексклузивно, но е многу вкусно и гарантира полни стомаци и милион детски насмевки.
Потребно ви е:
8-10 парчиња сув леб
2 јајца
150гр кисела павлака
100гр кајмак
100гр сирење
по желба сусам и оригано
Начин на подготовка:
Јајцата, павлаката и кајмакот проматете ги и ставете ги на парчињата со леб. Сирењето изрендајте го и ставете го исто така на парчињата леб. Ставете сусам и оригано по вкус, и така подготвени лебчињата ставете ги 10 мин во рерна.
Вистинско уживање!