Еден млад брачен пар одлучил да направи едно бизарно барање за својата свадба.
Сепак се испоставило дека тешко е да го најдат тоа што го бараат.
Имено освен што барале фотограф и некој да ја сними нивната свадбена веселба, тие побарале некој да ја сними и нивната прва брачна ноќ.
Тие се обидуваат да најдат снимател, а нудат и 2000 фунти, а огласот бил анонимно објавен и на интернет.
Во огласот парот нагласува дека до венчавката имаат уште еден месец и дека видеото ќе биде само за нивна сопствена употреба, и дека работата на снимателот би трела најмногу околу 3 часа, пишува весникот Мирор.