БРАВО МОМЦИ: Македонија во драматична завршница го совлада Бахреин за втора победа на Светското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија до 19 години ја забележааа втората победа на Светското првенство и забележа пласман во осминафинале откако вечерва во драматична завршница ја доби пресметката со Бахреин со 27-25.

Македонските ракометни надежи се радуваат на нова победа на СП, вечерва ги совладаа своите врсници од Бахреин. До новиот триумф, избраниците на Данило Брестовац стигнаа преку драматична завршница.

„Црвено-жолтите“ слично како и на претходниот меч, постојано беа во водство но никако не успеваа да го скршат противникот. На пауза заминавме со предност од 12-9, а позитива одржувавме се до пет минути пред крајот кога Бахреин изедначи на 23-23.

Па настана бркотница на теренот, Македонија сепак ја задржа смиреноста и на десетина секунди до последниот звук на сирената погоди за 27-25 и ја осигура победата која значи пласман во осминафинале

Мартин Серафимов со 10 погодоци беше најдобар поединец на теренот, а солидна партија пружи и Ненад Костески со 7 погодоци.

Денеска е слободен ден за нашата репрезентација, а утре се среќаваме со фаворитот Данска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.