Македонија стигна до втората победа на Светското првенство во ракомет кое се одржува во Германија и Данска.
Во салата во Минхен, пред нашите момци падна и Бахреин со резултат 28:23, за две од две победи на стартот од Мундијалот.
Со Максимални 4 бода, црвено-жолтите го чекаат вториот потежок дел од групната фаза, каде се сретнуваат со Хрватска, Шпанија и Исланд.
Потсетуваме, првите три репрезентации во групата обезбедуваат пласман во втората фаза на првенството, па уште еден триумф во следните три натпревари ќе биде доволен за нашата репрезентација.
Во составот на Македонија, капитенот Кире Лазаров одново постигна 8 погодоци, Манасков и Кузмановски постигнаа по 4, а по три погодици постигнаа Талески и Поповски.
Веќе утре со почеток од 18:00 часот, Македонија игра против Хрватска, два дена подоцна со Шпанија и на 17-ти го игра последниот дуел со Исланд.