БРАВО! Компанијата “Интегра системи” донираше машина за перење во гинеколошкото одделение при прилепската болница

Непосредно пред Новогодишните празници, Oдделението за гинекологија и акушерство при прилепската болница “Борка Талески” Прилеп, доби уште една донација од општествено одговорната компанија “Интегра системи”.

-Донираната машина за перење и сушење ќе биде многу потребна за истото одделение. Ви благодариме за хуманоста и ги поттикнуваме сите компании коишто се во можност да се вклучат во вакви донаторски акции – пишуваат од прилепската болница на социјалните мрежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.