Бравос за креативноста! За Светскиот ден на дизајнот ученици од ООУ “Климент Охридски” Прилеп изработија модерни костими од рециклирачки материјали

27 април e Светскиoт ден на дизајнот, а по повод овој ден, учениците од ООУ ,,Климент Охридски’’- Прилеп, самостојно изработија костими од рециклирачки материјали, а нивните ментори: Маја Џопа, Александра Богоеска и Александар Крстески им беа поддршка во избор на стилот и материјалите.

Светскиот ден на дизајнот има цел да ја инспирира и подигне општата свест за вредноста на дизајнот. Денот ги слави сите аспекти на дизајнот – естетика, форма и функција.

-Како училиште целта ни беше да пренесеме пораки за рециклирање, селектирање и изнаоѓање решенија за овој проблем, за зачувување на животната средина, велат од ООУ “Климент Охридски” Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.