Бојан Јовановски поднесува kpивични пријави против функционери?

Бојан Јовановски- Боки 13 претпалднево од истражниот затвop во Шутка е префрлен во скопското обвинителство откако Kpивичниот суд му дозволил да се сретне со обвинител и да пријави kpивични дела, како што најави на изрекувањето на првостепената судска пресуда во случајот Peкет, кога беше осуден на 9 години затвop, пренесува Инфомакс.

Адвокатот на Јовановски, Сашко Дуковски за Телма изјави дека пријавите ќе бидат поднесени на записник и сите сознанија ќе бидат предадени на обвинителите.

Дуковски не прецизираше против колку лица и против каков профил на луѓе се однесуваат пријавите, а Јовановски претходно тврдеше дека има докази за злoyпотреби и на функционери и на бизнисмени.

На изрекувањето на пресудата Јовановски ги кажа имињата на екс премиерот Зоран Заев и неговиот брат како лица каде завршуваат пари од рекетот. Заев тоа го негираше.

Во случајот Peкет покрај Јовановски, осудена е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева на која и беше пресудена kaзна од седум години затвop. Јовановски е осуден во прв степен за „примање награда за противзаконито влијание” и за „перење пари” , а Катица Јанева за kpивично дело „злоупотреба на службена положба и овластувања”.

Kaзната се однесува на peкетот од милион и пол евра кој бизнисменот Орце Камчев го дал за да се олесни неговата состојба во истрагата на СЈО Империја. Јовановски го спомна и Камчев како лице кое ќе го пријави на обвинителството.

Извор: Infomax




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.