Почитувани мои прилепчани, веќе навлегуваме во последните денови од оваа кампања. Остварив средба со неколку илјади сограѓани од сите целни групи… и еден е заклучокот: ПОБЕДУВАМЕ! – напиша кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Д-р Борче Јовчески на ФБ.
-ПОБЕДУВАМЕ и тоа убедливо… пораките од стопанствениците, наставниците, социјалните, здравствени, културните работници, спортистите и НЕВРАБОТЕНИТЕ (а, излажани последните четири години) е : ДОСТА НÈ ЛАЖЕВТЕ!
Дури се случувало во една фамилија последниве неколку 10 дена да се ветуваат и по пет вработувања. ( Заборавајќи дека во нив има и малолетни).
Можеби тоа го прават во паника, знаејќи ги резултатите од анкетите и од нивните посети по Вашите домови… ?!
За разлика од нив, моето ветување кон сите беше едноставно:
Прилеп ќе биде повторно одлично место за живеење, во кое стопанството ќе се развива нормално без притисоци, ДУП-овите ќе се носат без ,,притисок” од некои профитери, а мојата канцеларија нема да е само од тесен круг на луѓе, туку од сите ВАС!
Мојата победа ќе е и Ваша победа. Продолжуваме до 17ти, а од 18ти од 10 часот почнуваме со работа – напиша Јовчески.