Поранешните репрезентативци Борко Ристовски и Кире Лазаров очигледно дека не се во најдобри односи.
Никој досега не излезе јавно да објасни зошто и како дојде до ова. Многумина претпоставуваа дека тоа е поради одлуката на Кире да не го повика Борко во репрезентација откако стана селектор.
Во најновиот јутјуб подкаст „Жешко столче“ актуелниот голман на Вардар упати низа критики за работата на селекторот на македонската репрезентација.
Ги оладивте ли односите со Лазаров? Пред два дена ја пеевте химната гушнати како во вашите најдобри времиња.
Не ги оладивме, ниту ги дозагреавме. Нашиот однос остана статус кво. Луѓето кои се блиски до мене ја знаат ситуацијата, а веројатно и тие што се до него. Не би сакал да коментирам повеќе, му посакувам се најдобро во животот и семејството.
Како ќе ја искоментираш селекцијата, многумина велат дека повикал многу ракометари од тимот каде што е тренер?
Тоа е друго прашање. Кога се разговара за величина како Кире Лазаров мора да се направи дистинкција или она што го правеше како играч за кој што сум кажал многу пати дека е еден од најдобрите играчи на својата позиција. Тоа е една работа. Меѓутоа тој ја заврши својата кариера и се одлучи да биде тренер, селектор и се она што сте го правеле како играч ви дава кредит на одредено време. Мислам дека неговиот кредит од една година заврши и сега ќе доаѓа во води кои се немирни и ќе има доста критики. Познавајќи го него не е навикнат на критики и ќе треба да научи, затоа што јавноста во голем дел го критикува неговиот избор и со право, бидејќи изборот на репрезентативци, без да ги навредам, сите заслужуваат до еден да се таму, меѓутоа да земете од Вардар само четворица репрезентативци, а од Алкалоид да има осум, тоа ми нема воопшто логика. Има играчи во Вардар кои заслужуваат да бидат во репрезентација. Не е повеќе во водите на спортитот каде доминираше. Мислам дека отиде во длабокото без да си ги земе мускулите и допрва ќе има проблеми во тој дел. Се надевам дека репрезентацијата нема да има големи последици, затоа што сè она што го градевме изминативе 15 години, оние резултати кои се боревме да ги достигнеме, не би сакал да видам некој поради лични ега или комплекси да ги сруши и да ја донесе Македонија на ниво каде што беше пред 15 години.
Целата емисија “Жешко столче” можете да ја погледнете во продолжение: