Брендон Луис, член на Конзервативната партија во Велика Британија, побара од поранешниот министер за надворешни работи Борис Џонсон да се извини за неговиот коментар во “Дејли Телграф”.
Џонсон во неговиот коментар кој беше насочен против носењето на бурките, напиша дека e “апсолутно смешно луѓето да изгледаат како поштенски сандачиња”.
Неговиот коментар предизвика критики од муслиманските групи, но и од негови колеги пратеници.