Борис Џонсон: Британија ќе биде најдоброто место за живеење откако ќе излезе од Европската Унија

Со излегувањето од Европската Унија на 31 октомври Британија ќе стане најдоброто место во светот, рече вчера Борис Џонсон пред британскиот парламент, за прв пат во улога на премиер.

“Нашата мисија е да го спроведеме Брегзит до 31 октомври со цел да ја обединиме и да ја обновиме нашата прекрасна Велика Британија и да ја направиме земјата најдобро место во светот”, истакна Џонсон, пренесува Ројтерс.

Тој повтори дека ќе ја “извлече” Британија од ЕУ со или без договор, наведувајќи дека условите од договорот не се прифатливи за британскиот парламент и за земјата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.