Вчера околу 15:40 часот во полиција било пријавено дека во спортска сала во Средното училиште „Зеф Љуш Марку” лоцирано на улица „Лазар Трпковски” во Скопје, К.Н.(34) и Г.Н.(44), двајцата од Штип, додека се одржувал боречки натпревар биле физички нападнати од повеќе лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Информацијата на Фејсбук ја објави и Горан Николов од боречкиот клуб “Oлимпија” од Штип.