Бора се бори за кислород: Здравствената состојба на популарниот фронтмен значително влошена, веќе три дена е во болница

Популарниот фронтмен на групата “Рибља чорба”, Бора Ѓоргевиќ, пред три дена бил задржан во болница во Љубљана поради проблеми со плуќата.

Неговиот менаџер открива дека пејачот е приклучен на кислородна поддршка, а неговата здравствена состојба значително е влошена.

“Бора прима кислород и не е возможно да се направи никаква операција. За 24 часа ќе знаеме се’. За сега само имаме информација дека во прашање е големо воспалување на плуќата”, вели Бане Обрадобиќ, менаџер на групата “Рибља чорба”.

Соопштение за здравствената состојба на пејачот е објавено и на официјалната Фејсбук страна на групата, каде пишува:

“Драги пријатели, поради нарушено здравје на Бора, лекарите забранија да патува и да се изложува на напор поради големо воспаление на плуќата. Секако, како и секогаш, ќе ја победиме болеста и што Бора оздрави се гледаме на нови дружби”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.