БОМБИТЕ НА ЗАЕВ ГИ РАЗНИШАА СЛАБИТЕ ТЕМЕЛИ НА СДСМ

13045696_10207728123335499_725875_n

Има вистина во хипотезата од насловот. Но, има вистина и во следното пропратно тврдење дека “бомбашкиот“ асортиман на раководството на македонските социјалдемократи и нивните странски ментори не ги даде очекуваните резултати. Наместо очекуваната голема општествена инерција за насилно рушење на власта “бомбашењето“, всушност, ја отвори пандорината кутија на, но и за СДСМ. На сите ни е јасно кои се последиците за државата од таквата “политичка“ акција, без разлика што власта спремно ги дочека сценаријата на “бомбашите“ од Бихаќка и даде соодветен одговор на истите за одржување на општествената стабилност.

Меѓутоа, како и што стално бидува со злобните, плиткоумни и неосмислени политички акции, “бомбашењето“ имаше реактивни последици за партијата на “бомбашите“. Практично таа “политичка“ акција го активира, да го наречам, внатрешниот маркетинг во СДСМ, односно ја активира скриената суптилна борба на дезинтегрираните групи во СДСМ да се одржат на своите позиции во рамките на партијата. Консеквентно, се намали количеството на и онака малата енергија на СДСМ за поведување на здрава општествена акција. Групната кохезија внатре во партијата им опадна, а им изостана и можноста за надворешната интеграција со пошироката општествената заедница. Наспроти тоа, силно интегрираната владеачка партија ВМРО ДПМНЕ во акцијата за одбрана на нашата држава од домашните квислинзи и надворешните предатори ги зајакна уште повеќе своите социјални врски со пошироката општетсвена заедница во Р.Македонија. За ова да се случи придонесе и феноменот познат како кризно заедништво. Всушност, поголемиот дел од граѓаните на Р.Македонија препознаа од каде доаѓа гушењето или  кризата и инстиктивно ја зголемија својата кохезија со власта, односно инстинктивно создадоа дополнително заедништво за одбрана на виталните интереси на Р.Македонија и уште повеќе се интегрираа со владеачката партија, т.е. со оние кои што својата енергија ја трошат за нивната добробит. Општествената заедница како по дефиниција се дистанцира од оние што се како ракот во човечкото тело, т.е. што се како раководството на македонските социјалдемократи и нивните странски ментори-црпат енергија од организмот на заедницата, а за возврат не даваат ништо друго освен проблеми.

Притоа, на странските ментори на “бомбашите“ од Бихаќка како резултат, но и како  последица од здружена “политичката“ акција со македонските квислинзи, не им преостана ништо друго туку само лагата наменета за гласачката публика во нивните држави која што сонува за промена на името на Р.Македонија. Таа нивна лага, главно, се врти околу тезата дека е овозможена смена на власта на ВМРО ДПМНЕ која што неприфаќа смена на името Р.Македонија. Од тие причини, овој театар на гладна кокошка просо сонува ќе трае сè до моментот додека не завршат изборите во државите на странските ментори на политичката криза во Р.Македонија. Од друга страна, пак, на домашниве бомбаши ќе им остане само лажната надеж дека некој друг, од надвор, ќе им ја донесе власта на тацна за послужување. Следствено, настојувајќи да се спасат од срамот на оваа лузерска “политика“ некои припадници на СДСМ го напуштиа или/и го напуштаат. Други, пак, кои што немаат можности да го сторат тоа не заминуваат останувајќи да живеат во аурата на лажната илузија за лојалност кон СДСМ, притоа, обвинувајќи ги  “дезертерите“ за нелојалност.

Како колатерални процеси на “внатрешниот маркетинг“ кој што е последица на лажната илузија за доаѓање на власт на САДСМ(се извинувам за ненамернава печатна грешка) сè нивните внатрепартиски раздвижувања поврзани со кадровската политика во опозициониот табор. Ако воопшто станува збор за некаква кадровска политика во нивната партија со која треба сериозно да спрарингуваат на конзистентната кадровска политика на ВМРО ДПМНЕ.  Но, за да ги рабереме разликите да ги спротивставиме кадровските политики на двете партии, онаа на ВМРО ДПМНЕ и онаа на СДСМ. За таа цел ќе се послужам со анализа на она што ми е најдостапно, а тоа е согледување на спротивставените кадровски политики во рамките на општината во која што живеам и од тука да извлечам некои највпечатливи факти потребни за натамошната анализа на способноста за водење на државата од страна на главните конкуренти.

Јасната и недвосмислена кадровска политика на ВМРО-ДПМНЕ наспроти конфузноста на кадровската политика на СДСМ се два различни концепти според стилот и квалитативната содржина на истите. ВМРО-ДПМНЕ кадровската селекција ја дефинира врз основа на проверки на сопствените кадри во практиката на јавниот и политичкиот менаџмент. Имено, на двата последни изборни циклуси за локална власт ВМРО-ДПМНЕ недвосмислено(сосема оправдано) го предложи постоечкиот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески со соодветна советничка листа бидејќи, истиот со неговата администрација во локалната самоуправа, покажаа уште со практикувањето на првиот мандат дека има успешен модел на јавен менаџмент со кој што ја поведе нашата општина во развој. Наспроти нив, СДСМ на предпоследните локални избори на конфузен и нејасен начин, најмногу заради бегање од изборен неуспех на “поголемите авторитети“ на партијата во последен момент, како жртвеник пред гилотиња го именува за кандидат за градоначалник Тони Петрески, притоа, оставајќи го сам да се бори на изборите додека другите партиски “авторитети“ се позиционираа на престижните места во партијата. Не го избраа партиските “авторитети“ на СДСМ Тони за да победи, туку за да изгуби од замавот на практично стекнатиот авторитет на Марјан Ристески и да го преземе ризикот на непопуларност на СДСМ во очите на гласачите, а колатерално за себе си да создадат политичка предност во рамките на партијата.

На последните локални избори, маѓепсани од лажната надеж дека “харизмата“ на нивниот водач Б.Ц. ќе им донесе победа без мака, СДСМ си ја проба среќата со тогаш новопечениот политичар Хари Локвенец кој што со илузијата за изградба на  петстотини вештачки езера на територијата на општина Прилеп ги надмина и најголемите илузионисти и стана ефтин плен за искусниот Ристески. Кај ќе најдеше јадниот толку многу слободна територија во рамките на општина Прилеп и толку многу градежна механизација за да изгради толку многу вештачи езера за еден мандат знаат само оние кои што само нему успееја да му ја подметнат таа илузија. Како награда, пак, за изгубените локални избори го преселија во редот на пратениците – нешто кое што го немаат направено со ниту еден друг губитник на избори од СДСМ освен со него, со Бранко Црвенкоски, со Радмила Шекеринска и другите припадници на тајфата инсталирана во раководството на СДСМ. Исто така, за пропаднатите два термина за предвремени парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ немаше дилема за дефинирање на кандидатите за пратеници од Прилеп. Повторно во својот конзистентен и содржински интегративен стил на кадровска политика, промовираа кадри што се докажани во јавноста. Ставањето на престижните места на листите за пратеници наменети за следните предвремени парламентарни избори на, веќе, докажаните пратеници/борци за подобрување на општественото живеење Ане Лашкоска и Димитар Стевананџија è само потврда за моето тврдење дека ВМРО ДПМНЕ има јасна и конзистентна кадровска политика. Патем, заради стравот за изборен неуспех, СДСМ не се ни обиде да профилира став за кадровска селекција, а уште помалку да селектира ликови за кандидати за пратеници. Избега од одговорноста јавно да промовира кој се нивните кадри за трка на претстојните предвремени парламентарни избори со кој што ќе спарингува на ВМРО-овската екипа.

Зошто тогаш таласаат? Заради што нивното раководство не презема ризик за кадровска селекција?

Сите знаеме што се случува. Раководството на СДСМ свесно не верува во изборна победа со постоечките, веќе, цврсто позиционирани “кадри“ во нивната партија и затоа, одбегнува било каква кадровска акција и учество на избори се додека не најдат “нови“ кадровски решенија. Можеби затоа, бараат спас во некое тивко враќање на сцена на еднаш успешниот кандидат за градоначалник Сашо Пирганоски со кој што за прв пат, но и единствено со него имаат освоено локални избори. Или, можеби тандемот од искусниот Сашо Пирганоски и новата надеж на СДСМ Прилеп Жаре Стеваноски не сé случајно главните експонати на протестите на “шарењаците“ во Прилеп. За овој вториот, Жаре Стеваноски, судејќи според судот на прилепската јавност сè појасно е дека è најпотентен кандидат за пратеник на СДСМ од Прилеп. Ова мислење, всушност, го потврдуваат текстовите во порталите Народен Глас, Револуционер и 10без10, како и нивните комуникации со најистурените “играчи“ на централното раководство на СДСМ и латерални помагачи како што е Никола Димитров од ФРОДЕМ.

Д-р Зоран Петрески

Авторот е доктор на науки по јавна администрација




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.