Бокс и кик-бокс на отворено во центарот на Прилеп: Несекојдневно доживување за прилепчани – ГАЛЕРИЈА

dsc_0028

Денеска на плоштадот “Методија Андонов-Ченто” во центарот на Прилеп, прилепчани имаа несекојдневна можност да проследат спаринг борби во бокс и кик-бокс.

Настанот беше во организација на  Кик – Бокс Клуб ”ШАМПИОН” – Прилеп и Боксерски Клуб “АС”- Прилеп, а промотор на настанот беше Дарко Чатлески.

Целта на овој спортски настан е подигање на свеста кај младите да спортуваат и да ги отфрлат модерните пороци.

Борбите во кои свое учевство зедоа борци од Прилеп, Ресен , Радовиш и Виница, предизвикаа големо внимание кај граѓаните и случајните минувачи, кои во голем број беа присутни пред борилиштето.

Настанот се одвиваше под мотото “СПОРТОТ МОСТ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ”.

[Best_Wordpress_Gallery id=”362″ gal_title=”КикБоксБокс”]




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.