Бојан Јовановски првоосомничен во случајот „Рекет“ денеска е пренесен на скопските клиники поради испитувања за закажана операција од претходно, потврди Есад Рахиќ, директорот на затворот во Шутка. Според извори од Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ направени се неколку прегледи – oбјави “Фокус”
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 15 јули го отвори случајот за рекетирање во кој првоосомничен е шоуменот Бојан Јовановски-Боки 13 и второосомничен бизнисменот Зоран Милески-Кичеец.