По повод големиот христијански празник Св. Илија Илинден, истоимениот манастир во с. Кален мариовско широко ги отвара портите за верниците.
Божјиот храм сместен во живописната природа на мариовскиот недопрен регион и оваа година очекува голем број посетители, кои заедно ќе се помолат и ќе го прослават духот на Илинден.
Божествена литургија ќе се одржи на 1-ви август со почеток од 19:00 часот и на 2-ри во утринските часови со почеток од 07:00 часот.
Четворицата домаќини со радост ги покануваат верниците и сите добронамерници да дојдат во овој прекрасен храм, каде во изминативе неколку години доста се промени.
Храмот блеска од убавина, а природата на Мариовскиот регион е дополнителен декор на празничниот амбиент.
За забавата на гостите ќе се погрижат музичарите од битолската група “Плетенка”.