По поразот на продолженија на гостувањето кај Бутел минатиот викенд, кошаркарите на Мега Баскет од Прилеп, утре (сабота) со почеток од 19:00часот, во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, ја пречекуваат екипата на Црн Дрим од Струга.
Натпреварот е дел од седмото коло на Втората кошаркарска лига, а прилепчани во досегашниот дел од сезоната забележаа 3 победи и 3 порази. Гостите од Струга имаат 5 триумфи и само еден пораз.
Во недела пак, со почеток од 12:30часот, младата екипа на прилепчани, Мега Баскет Јуниор, во рамките на Третата лига го пречекува ИБА Скопје, а екипата до 16 години, со почеток од 14:30часот игра против Јуниор од Битола.
Да уживаме во спортскиот викенд и да ги поддржиме екипите на Мега Баскет со полна трибина во “Добре”