Довчерашниот капитен на прилепска Победа, Јорданчо Наумоски, потпиша за пелагонискиот ривал Пелистер.
Искусниот дефанзивец кој во кариерата покрај за црвено-белите од Прилеп има настапувано и за: Тиквеш, Металург, Брондби и 11 Октомври, е вредно засилување за битолчани, кои до крајот на сезоната ќе се борат за враќање во фудбалската “елита”.