Битолчанец удрил во куче па излетал од патот

Вчера во 17.10 часот на булеварот „1 Мај“ во Битола, 35-годишниот К.Р.   управувајќи мопед „Априлиа“ со битолски регистарски ознаки, удрил во куче скитник и паднал на коловозот.

Во незгодата се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.