Битолчанецот Горан Дамевски, член на Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“, кој е дел од македонската експедиција на Хималаите, го освои врвот Ајланд Пик на Хималаите, висок 6189 метри.
„ПСК Пелистер се гордее со тебе . Честитки Горан , желбите се исполнуваат, посета на Хималаите“ – напишаа од планинарскиот клуб “Пелистер” на социјалните мрежи, честитајќи му на Горан за големиот подвиг.
А еве како се одвивала експедицијата:
По пристигнување во Лулка започната е аклиматизација
1 ден – Phakding 2610 мнв
2 ден – Namche Bazar 3440 мнв
3 ден – Namche Bazar 3440 мнв – Everest view point 3880 мнв
4 ден – Tengboche 3860 мнв
5 ден – Dingboche 4410 мнв
6 ден – Dingboche 4410 мнв – Nangkartshang Peak 5100 мнв
7 ден – Lobuche 4910 мнв
8 ден – Gorak Shep 5140 мнв – Everest base camp 5364 мнв
9 ден – Kala Patthar 5550 мнв – Dingboche 4410 мнв
10 ден – Chukkung 4730мнв
11 ден – Island Peak base camp 5100 мнв
12 ден – 28.10.2023 во 12 часот на полноќ по непалско време од Island Peak base camp 5100 мнв започнува искачувањето на Island Peak.
Првите 4 часа се искачува по сипар и карпи до висина од 5800 мнв. Од тој дел екипата поставува орема, кацига, дерези, појас, јумар и карабинери и започна со summit push. Качувањето е со фиксно јаже низ кое се влечи јумарот.
Од 5800 мнв до 6000 мнв теренот е благ без големи нагиби, додека последните 200 м пред врвот се со нагиб од 45%. Врвот висок 6189 мнв е искачен во 08.57 минути по непалско време од страна на 8 лица меѓу кои и членот на ПСК ПЕЛИСТЕР ГОРАН ДАМЕВСКИ од Битола со помош на Chirring sherpa Следува спуштањето, кое е бавно поради големата гужва на фиксните јажиња.
Екипата се врати во Chukkung 4730 мнв во 20.00 часот по непалско време.
Екипата се враќа во Македонија на 07.11.2023 година.